речник контакт

Велес добива трета ТВ куќа?! првоаприлска шега

Оваа вест беше објавена наменски за 1-ви април. За тие што ќе се насмеат како на добра првоаприлска шега благодарам. За тие што можеби ќе се разочараат дека е шега,извинување ако се почуствуваат измамени.

Петар Печков

Се очекува до крајот на годината Велес да добие уште една теелвизиска куќа, чии подготовки се во тек.  Зад неа ќе застане познат македонски бизнисмен, со велешко потекло. Тој веќе ги испратил документите до Советот за радидифузија, со кој ги  искажува намерите да започне емитување на ТВ сигнал.

По ова би се распишал конкус за распределба на последната трета дозвола за телевизиско емитување на програма. Извесно е дека таа ќе работи во просториите на поранешен Радио Велес, кои се во сопственост на локалната, а за што веќе биле започнати преговори за земање под наем.

Последен чекор би бил екипирање на ТВ куќата, за што сопственикто сметал дека нема да има проблем, бидејќи во градот имало доволно квалитетен кадар. Името на телевизијата би било во врска со името на куќата спонзор.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »